• Економија 02.07.2018 15:02

    „Образование за вработување“- нов проект за млади до 29 години

    Образование за вработување- Стопанската Комора и Швајцарската амбасада отпочнаа нов проект за млади до 29 години. Целта е преку квалитетното стручно образование полесно да се вклучат на пазарот на труд. Партенрството меѓу бизнис- сектор и образовните институции е појдовна основа за успех.

  • Економија 02.07.2018 12:59

    Мерки за поддршка на руралниот развој

    Подобрување на условите за живот, обнова и развој на селата, зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини. Објавени се три мерки од Програмата за рурален развој. Општините можат да поднесуваат апликации до 31-ви август.

  • Економија 29.06.2018 14:13

    Струјата поевтинува за 0,1 проценти

    Цената на електричната енергија за крајните корисници минимално се намалува, за 0,1 процент. Регулаторната комисија за енергетика тврди дека ова е резултат на пониските трошоци за производство на ЕЛЕМ и на МЕПСО. Одлуката ќе важи од 1-ви јули.

  • Економија 29.06.2018 10:44

    Се очекува минимално намалување на цената на струјата

    Се очекува мало намалување на цената на електричната енергија од август, но конечната одлука ќе се знае по седницата на Регулаторната комисија за енергетика закажана за денеска.

  • Економија 28.06.2018 13:31

    Објавен јавен повик за субвенционирање нискобуџетни авиокомпании

    Во август се очекува да се потпише договор со новата нискобуџетна авиокомпанија што ќе оперира на македонските аеродроми. Министерството за транспорт го распиша јавниот повик за субвенции за нови дестинации.

  • Економија 28.06.2018 12:45

    Струјата минимално ќе поевтини

    Се очекува мало намалување на цената на електричната енергија, но тоа ќе се знае по седницата на Регулаторната комисија за енергетика, закажана за утре. Од таму брифираат дека ЕВН побарале 9 насто зголемување за крајните потрошувачи, а ЕЛЕМ пак намалување од 1,5 проценти.

  • Економија 28.06.2018 10:15

    Агенцијата за стокови резерви ќе откупува пченица

    Агенцијата за стоковни резерви ја почна постапката за објавување јавен оглас за откуп на 12.000 тони домашна пченица за потребите на резервите. Цената ќе се одреди со јавно наддавање.

  • Економија 27.06.2018 13:20

    Нов софтвер за ефикасен сообраќај

    Домашни ИТ компании ќе го креираат новиот систем во транспортот. Проектот предвидува за околу една година, фирмите од патничкиот и товарниот сообраќај да бидат поврзани преку софтвер со што поефикасно ќе се издаваат дозволите и ќе се подобрат услугите кон граѓаните.

  • Економија 27.06.2018 10:15

    Закуп на државно земјоделско земјиште

    900 хектари државно земјоделско земјиште од некогашниот комбинат Џумајлија во околината Свети Николските села се нудат под закуп. Времетраењето за користење на земјиштето е различно.

  • Економија 27.06.2018 09:53

    Предлози за нов информациски систем за управување во патниот и товарниот сообраќај

    Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за транспорт и врски денеска организираат презентација на предложените решенија пристигнати на повикот за изнаоѓање иновативно решение за управување во областа на патничкиот и товарниот сообраќај „ПристАПП транспорт“.

Pages