• Економија 10.01.2018 12:21

    Македонската економија годинава со раст од 3,2%

    Светска банка го објави јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи. Проекциите за нашата земја се надолно ревидирани во однос на претходните од јуни.

  • Економија 10.01.2018 10:33

    Запишување на нови земјоделски стопанства

    Од февруари до 15-ти март оваа година новите земјоделците и земјоделски фирми доколку сакаат да добијат субвенции од државта ќе мора да се запишат во регистарот за земјоделски стопанства.

    Оваа обврска ја имаа и оние кои направиле промени во сопственичката структура.

  • Економија 09.01.2018 16:49

    Јавно ќе се објавуваат договорите за јавни набавки

    На Електронскиот систем за јавни набавки отсега ќе се објавуваат и доделените договори со цел јавноста да има увид во нив и да се зголеми транспаретноста со јавните набавки.

  • Економија 09.01.2018 12:52

    Од Охрид авионски до Варшава, Талин, Ајндховен

    Охрид воздушно се поврзува со Варшава, Талин, Ајндховен. Три нови сезонски линии кон Полска, Естонија и Холандија ќе бидат воведени годинава. Менаџментот на ТАВ објави- два милиони патници лани ги користеле услугите на македонските аеродроми, за 13 насто повеќе од 2016-та.

  • Економија 09.01.2018 12:31

    Ново поскапување на горивата

    Ново поскапување на горивата од полноќ- цената на дизелот се зголемува за уште денар, па литар ќе се продава за 59,5 денари. Цената на бензинот од 95 октани останува непроменета, но, 98-октанскиот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар.

  • Економија 09.01.2018 10:17

    Платена првата рата за винското грозје

    Винските визби им ја платија на лозарите првата рата од 20 проценти за купеното грозје. Според Законот исплатата е во рок од 6 месеци од преземањето на откупениот род и ќе биде на 3 рати.

  • Економија 05.01.2018 15:44

    „Џемдаг Лајтинг Европа“ ќе инвестира во „Бунарџик“

    На последната владина седница се донесени повеќе одлуки. Дадена е согласност за закуп на земјиште во зоната „Бунарџик“ на компанијата „Џемдаг Лајтинг Европа“. Гринфилд инвестицијата од 5 милиони евра треба да отвори 100 работни места. Договорот ќе биде потпишан кон средината на овој месец.

  • Економија 04.01.2018 10:40

    Над 1,8 милиони платежни картички се користат во Македонија

    Над 1,8 милиони платежни картички поседуваат македонските граѓани. Најголемиот дел корисници се физички лица, а од брендовите најзастепени се „Виза“ и „Мастеркард“.

  • Економија 04.01.2018 10:38

    Македонците далеку од просекот на потрошувачка во ЕУ

    Неколку години по ред куповната моќ на македонските граѓани е речиси 41 насто од европскиот просек. На таа листа зад нас е само Албанија со 37%, покажуваат последните податоци објавени од Евростат.

  • Економија 03.01.2018 14:05

    Тевдовски за МТВ: Во 2018-та за капитални инвестиции речиси 400 милиони евра

    Во 2017-та имаше забавен економски раст поради политичката криза. Од ресорот финансии за годинава предвидуваат закрепнување на економијата и повеќе инвестиции. Во државната каса за капитални инвестиции се предвидени речиси 400 милиони евра, вели во интервју за МТВ, првиот финансиер Тевдовски.

Pages