Вести

  • Македонија 08.01.2014 09:38

    Бадникова вечер во Тетово

    По посниот смеен ручек и одењето в црква, тетовци се собираат покрај бадникарскиот оган кој гори речиси во секое маало.

    Додека возрасните ја подготвуваат посната закуска, младите се маскираат во различни ликови и одат од врата на врата пеејќи бадникарски песни.

  • Свет 07.01.2014 18:42

    Половина милион македонци слават Божиќ во САД

    Над 450 илјади Македонци по потекло во Соединетите Американски држави ги прославуваат Бадник и Божиќ со истите обичаи како и во родната земја. Секоја Бадникова вечера има погача со паричка, сарма, посно гравче, костени, салати и бадниково гранче. 

  • Свет 07.01.2014 18:34

    Земјотрес во Чиле

    Земјотрес со сила од 5,8 степени по Рихтер ги потресе северните делови на Чиле, соопшти геолошката служба на САД. Епицентарот бил на 100 километри југоисточно од градот Икеке, на длабочина од 85 километри.

  • Свет 07.01.2014 18:32

    Мировна конференција за Сирија

    Иран бара позначајна улога на претстојната мировна конференција за Сирија закажана за 22 јануари. Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Иран изјави дека Техеран ќе прифати понуда согласно со честа на исламската република.

  • Свет 07.01.2014 18:28

    Мерки за безбедност во Русија

    По двата самоубиствени напада во Волгоград, денеска во Русија стапија во сила мерки за безбедност без преседан во олимписката историја во пресрет на зимските олимписки игри во Сочи.

  • Свет 07.01.2014 18:26

    Во Турција продолжува чистката

    Во Турција продолжува чистката во полицијата. Во текот на минатата ноќ во Анкара околу 350 полициски службеници се отстранети од функција.

  • Македонија 07.01.2014 18:22

    Прва средба на Зоран Заев со Стефан Филе

    Актуелната политичка состојба и еврооинтегративниот процес на Македонија беа темите во фокусот на денешната прва средба на председателот на СДСМ Зоран Заев со Еврокомесарот за проширување Стефан Филе.На состанокот Филе ја нагласил и потребата за национален конс

  • Македонија 07.01.2014 18:19
  • Свет 07.01.2014 18:10

    Светот Денеска

    Рускиот патријарх Кирил ги повика верниците за време на божиќната литургија да се стремат кон духовниот развој и да прават добри дела. На литургијата присуствуваше и рускиот премиерот  Дмитриј Медведев заедно со сопругата.

  • Македонија 07.01.2014 18:00

    МТВ во домот на Тасеви за Божик

    Со утринските литургии во црквите и храмовите, со светата причест,  започна празнувањето на Божик. Најголемиот христијански празник го собира семејството заедно на една трпеза.

Pages