Вести

  • Свет 18.02.2014 19:47

    Филе се отакажа од посредство во БиХ

    „Ова не беше мој неуспех, туку на политичарите на Босна и Херцеговина. Некои направија се што можеа, а некои зборуваа но не направија никакви искрени напори“. – изјави Штефан Филе, европски комесар за проширување“

  • Македонија 18.02.2014 19:44

    Трибина „консензуален претседател“

    “...Идејата  на  ДУИ  за  консензуален  претседател  ја  оцени  како  добра  и  како  нешто  за  што  во  иднина  треба  да  се  размислува,“ изјави вели Владо Поповски универзитетски професор

  • Свет 18.02.2014 18:55

    Протести со фатални последици избувнаа во Киев

    Полицијата употреби гумени куршуми и шок бомби за да запре илјадници денмонстранти кои маршираа кон парламентот. 

    Судирите се случија во моментот кога во украинската Рада се дебатираше за измени во Уставот.

  • Македонија 18.02.2014 18:28

    Попоски: Македонија се залага за продлабочена регионална соработка

    Денеска, во Букурешт, делегација предводена од министерот за надворешни работи, Никола Попоски учествуваше на втората неформална средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на ПСЈИЕ.

  • Економија 18.02.2014 17:34

    Напролет македонско-бугарски бизнис експо во Штип

    Ова  е дел од проектот „Бизнис без граници“ што го реализира македонско-бугарската стопанска комора со цел подобра соработка помеѓу бизнисмените од Македонија и Бугарија  и зголемување на пласманот на  двете страни.

  • Македонија 18.02.2014 17:24

    Протести на стечајни работници

    Незадоволни што не се опфатени со Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација, стотина стечајни работници од Кумановско излегоа на протест. Обвинуваат дека со Законот се решава проблемот на мал број стечајни работници, а не на мнозинството...

  • Македонија 18.02.2014 17:17

    Арбитражата заштедува пари

    Се штеди не само време, туку и пари. Споровите вредни повеќе милиони евра, кои се влечат низ судските лавиринти по 4-5 години, добиваат завршница  најмногу за една година.

  • Македонија 18.02.2014 16:53

    Австрија лобира за Македонија во ЕУ

    Политичките односи меѓу двете земји се беспрекорни а економската соработка во подем. Ова се поентите од средбата на македонскиот  премиер Никола Груевски со неговиот австриски колега, канцеларот Вернер Фајман.

  • Македонија 18.02.2014 16:18

    Опожарено возило на инспектор во Битола

    Синоќа околу 23 часот настрада автомобилот на  раководител на инспекциски служби во општина Битола. според СВР –Битола, по обивањето на вратата од гаражата, автомобилот бил запален со засега непозната запаллива течност.

  • Македонија 18.02.2014 16:11

    Исплатени субвенции за одгледување овци

    Исплатени се 129,6 милиони денари субвенции за одгледување овци. Финансиска подршка од по илјада денари по овца добиле 1054 сточари, соопштија од Министерството за финансии.

Pages