Вести

  • Македонија 19.02.2014 15:02

    Волците и Ренџерите ги демонстрираа тактиките

    По повод одбележувањето на јубилејот „20 години сили за специјални операции“ и Денот на полкот за специјални операции (пСО) на Армијата на Република Македонија, денеска во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа Отворен ден на полкот.

  • Македонија 19.02.2014 14:52

    МРТ во акција со охридските рибочувари

    Рибокрадците и натаму не ја почитуваат забраната за лов на пастрмката на Охридското Езеро за време на мрестот. Минатата година беа запленети 35 километри мрежи и беа поднесени голем број пријави. Концесионерот спроведува почести акции за фаќање на рибокрадците.
  • Македонија 19.02.2014 14:38

    Двегодишен план за развој на спортот кај учениците

    Изградба на организациски и спортски систем, како и Календар за масовни спортски активности  ќе бидат реализирани во наредниот двегодишен период. Ова  е предвидено со програмата за поголемо вклучување на учениците во училишниот спорт .

  • Македонија 19.02.2014 14:33

    Зголемен бројот на гласачките места

    Граѓанската асоцијација МОСТ ги почна активностите за набљудување на изборниот процес. Притоа асоцијацијата  упати повик до Државната Изборна Комисија за што поскорешно објавување на избирачките места чиј број е зголемен според измените на Изборниот Законик.

  • Свет 19.02.2014 13:51

    Хрватска под вода

    Поплави во северозападниот дел на Хрватска. Нивото на водата постојано се зголемува, а противпожарните служби поставуваат насипи пред влезовите на куќите.

    Во неколку области е прогласена вонредна состојба, и масовно се евакуираат загрозените луѓе.

  • Македонија 19.02.2014 12:23

    Македонија има шанси да ја стигне Хрватска во трансплантацијата на органи

    „Двајцата пациенти на кои им беше извршена трансплантација на бубрези во петокот се во добра состојба“, соопшти националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Аспазија Софијанова.  

  • Македонија 19.02.2014 12:22

    OMД: Време е Грција да покаже лидерство

    Време е Грција да преземе водечка улога и да ги помогне евроинтеграциите на Македонија, нагласуваат од ОМД пред посетата на грчкиот министер за надворешни работи и претседавач со  Европскиот совет, Евангелос Венизелос.

  • Македонија 19.02.2014 11:59

    Македонската дијаспора во Германија ќе гласа на 12-ти април!

    Македонските државјани на привремена работа и престој во Германија за претседател на Македонија ќе гласаат еден ден пред регуларниот избор во татковината,  на 12-ти и 26-ти април 2014 година.

  • Македонија 19.02.2014 11:54

    Дискусија за евроинтеграцијата на Македонија

    Дискусија и промоција на тема „Интеграција на Македонија во Европската унија - утврдување уставни импликации и опции поврзани со политичките критериуми",се одржува  во просториите на МАНУ.

  • Македонија 19.02.2014 11:52

    Собраниска делегација на Семинар во Брисел

    Собраниска делегација денеска и утре учествува на Парламентарен семинар на тема: „Здравјето и заштитата на потрошувачите" што се одржува во Европарламентот  во Брисел.
     

Pages