Вести

  • Македонија 18.09.2018 16:57

    Баздникин: Одлуките да бидат донесени во рамки на Уставот, а не да ја уриваат правната држава

    Претседателот Иванов ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Русија. Сергеј Баздникин оценил дека земјава доживува клучен момент во својата историја. Посочува оти од одлуките кои ќе бидат донесени во наредните неколку недели ќе зависи иднината на Македонија.

  • Македонија 18.09.2018 16:28

    Мас: На дофат е историска шанса, одлуката е во рацете на граѓанитe

    Се надевам дека што е можно повеќе Македонци на 30-ти септември ќе го искористат своето право и ќе гласаат на референдумот. На дофат е историска шанса да се реши спорот за името и да се отвори европската перспектива на Македонија.

  • Македонија 18.09.2018 16:15

    Дебата за гасоводот на Водно

    Екологистите и власта и по втората јавна дебата останаа на спротиставени ставови за изградбата на гасоводот низ парк- шумата на Водно. Од иницијатива „Го сакам Водно“ предлагаат алтернативна делница која ќе минува низ пасишта и земјоделско деградирано земјиште.

  • Култура 18.09.2018 15:18

    Шест концерти на 22-от „Блуз и соул фестивал“

    Дваесет и вториот „Блуз и соул фестивал“ во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје ќе се одржува три дена претстојниот викенд во пивница „Стар Град“ во Старата чаршија.

  • Македонија 18.09.2018 15:01

    Данкан: Референдумот ја одредува иднината на Македонија

    Референдумот ја одредува иднината на Македонија. Договорот што го потпишаа премиерите Ципрас и Заев е значаен чекор напред за Македонија, вели британскиот министер за Европа и Америка, сер Ален Данкан.

  • Македонија 18.09.2018 14:57

    СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во матрицата на минатото

    Поднесувајќи неосновани кривични пријави, кои немаат никаков основ, ниту пак цел, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека сѐ уште останува заглавена во матрицата на минатото, кога го злоупотребуваа судството за пресметка преку беспредметни пријави, реагираат од СДСМ.

  • Економија 18.09.2018 14:28

    Тројно се зголемува социјалната помош

    Семејствата во социјален ризик од идната година ќе добиваат трипати повисока социјална помош. Ова е предвидено со новата реформа, преку која ќе се одвојуваат по 10.600 денари за четиричлено семејство.

  • Економија 18.09.2018 13:49

    Нема ГМО во кочанскиот ориз

    Кочанскиот ориз не е генетски модифициран- ова го покажале суперанализите направени во германска лабораторија. Државниот инспекторат за земјоделство се одлучи на дополнителни анализи на две сорти ориз, откако Факултетот за ветеринарна медицина во нив првично откри присуство на ГМО. 

  • Македонија 18.09.2018 13:32

    Интеграцијата во НАТО- стратегиски интерес

    „Членството во НАТО значи голема одговорност и придонес во зачувување на мирот и безбедноста“, оцени првиот парламентарец Талат Џафери. Претседателот на Собранието вели оти е сигурен дека мнозинството граѓани ќе го прифати Договорот од Преспа, клучен за интеграциските процеси.

  • Свет 18.09.2018 13:24

    Москва: Рускиот „Иљушин-20“ соборен по грешка

    Министерот за одбрана на Русија потврди дека воениот авион „Иљушин-20“ кој синоќа исчезна од радарот над Средоземното Море бил соборен со ракета земја- воздух од сириската војска, во момент кога таа напаѓала израелски борбени авиони.

Pages