Вести

  • Македонија 18.01.2018 17:18

    Столтенберг: Прашањето за името мора да се реши

    Вашите заложби за влез во Алијансата, без решен спор за името, се залудни- дециден генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при неговата прва посета во Скопје. Пред околу половина час заврши средбата со премиерот Заев. Столтенберг беше дочекан со највисоки почести.

  • Македонија 18.01.2018 16:48

    Собраниска дебата за реформите во МВР

    Оперативно- техничката агенција ќе биде независна институција, надвор од УБК и Министерството за внатрешни, контролирана од Собранието. Вака ресорниот министер Спасовски го образложи Предлог- законот со кој се предвидува формирање на оваа агенција.

  • Свет 18.01.2018 16:40

    Во Белград погребан Оливер Ивановиќ

    Во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград погребан е Оливер Ивановиќ- лидерот на опозиционата Граѓанска иницијатива „Слобода, демократија, правда“ и еден од најзначајните лидери на косовските Срби, кој беше убиен пред два дена во Косовска Митровица.

  • Македонија 18.01.2018 16:24

    Конструктивни средби на претставниците на партиите со Столтенберг

    Ќе ги поддржиме сите чекори што ќе ја приближат Македонија кон членството во НАТО, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, по средбата со Генералниот секретар на НАТО. Оцени дека состанокот бил добар и конструктивен.

  • Македонија 18.01.2018 16:10

    Средба Јанева- Столтенберг

    Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева денес оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во рамки на неговата посета на Република Македонија, соопштија од Специјалното јавно обвинителство.

  • Свет 18.01.2018 15:58

    Една година од мандатот на Трамп

    Само една недела по влегувањето во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп воведе забрана за влез на граѓани од држави со мнозинско муслиманско население. Судовите ја забранија уредбата, и двете модифицирани верзии.

  • Македонија 18.01.2018 15:52

    Реакции по одлуката на Иванов да не го потпише указот за Законот за јазиците

    Очекувана, но разочарувачка- вака вицепремиерот Бујар Османи ја оцени одлуката на шефот на државата Ѓорге Иванов да не го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците.

  • Македонија 18.01.2018 15:28

    Проект за вклучување на младите со инвалидитет во спортот

    Луѓето со инвалидитет се изложени на долготрајно седење и физичка неактивност. Овој начин на живот ја наметнува потребата од спортска рекреација и рехабилитација. Така ќе се намали ризикот од разни болести, како што се кардиоваскуларните и респираторните заболувања – советуваат професори. 

  • Свет 18.01.2018 15:23

    Невреме во северозападна Европа

    Наставата во училиштата во делови на Германија е откажана поради невремето во северозападна Европа. На аеродромот во Амстердам откажани над 200 летови. Поради невремето e прекинaт и железничкиот сообраќај.

  • Македонија 18.01.2018 14:50

    Договорот за добрососедство ратификуван и во Бугарија

    Националното Собрание на Бугарија едногласно го ратификува договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Македонија. Во салата беше присутен и македонскиот амбасадор во Бугарија, Маријан Ѓорчев.

Pages