Силни експлозии во Газа
Израел ја продолжува воената операција против Хамас. Израелските одбрана покажаа видеоснимки од надзорни камери. Тврдат дека на нив се гледа како Хамас носи заложници во „Ал Шифа“...

Израелската армија ја продолжува воената офанзива во Појасот Газа. Се поголем е притисокот врз Хамас. Погодена индонезиската болница за која Тел Авив претходно тврдеше дека е база за терористичките операции на милитантите. Има цивилни жртви.
Претходно, Израел изнесе нови докази дека милитантите на Хамас држеле заложници во најголемата болница во Газа „Ал Шифа“. Тврдат дека откриле тунел долг 55 метри под комплексот, а во новообјавената снимка, портпаролот на одбраната посочува двајца странски заложници кои, не по своја волја, влегуваат во објектот.
„Освен овие двајца претходно, вооружени лица внесуваат уште еден заложник додека терористите ја чуваат просторијата. Сè уште не сме ги лоцирале и сме ги спасиле. Нема да мируваме додека не го сториме тоа. Хамас се криел и ги убивал нашите заложници во болницата „Ал Шифа“, градеше терористички тунели под објектот. Вистината е јасна, Хамас води војна од болниците“, изјави Даниел Хагари, портпарол на израелската одбрана.
Хамас ги отфрли обвинувањата велејќи дека лажат оти болницата е команден центар, исто како што лажеле за фестивалот. Премиерот Нетанјаху ги критикуваше палестинските власти за негирање на фактите за масакрот на 7-ми октомври.
„Палестинската управа рече нешто бесмислено, негираше дека Хамас го извршил ужасниот масакр на фестивалот. Всушност, го обвини Израел за тоа. Ова е тотално превртување на вистината. Махмуд Абас, кој во минатото го негираше постоењето на холокаустот, денес го негира постоењето на масакрот на Хамас, и тоа е неприфатливо“, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Кинескиот шеф на дипломатијата Ванг, вели дека е подготвен да работи со арапските и исламските земји за да се стави крај на конфликтот во Газа.
„Подготвени сме да работиме заедно со арапско-исламските земји за да ставиме крај војната во Газа што е можно поскоро, да ја олесниме хуманитарната криза и промовираме сеопфатно, правично и трајно решение за палестинското прашање“, изјави кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји.
Во Брисел шефовите на дипломатиите на ЕУ одржуваат неформален состанок за ситуацијата на Израел и Газа, по завршената посета на Борел на Блискиот Исток.
Бојана Крстевски