Сè уште нема договор
Редовните избори може да се одржат во мај, но сè уште се разговара со коалициските партнери, вели Ковачевски...

Сè уште нема конечен договор за термините за изборите в година. Редовните избори може да се одржат во мај, но сè уште се разговара со коалициските партнери, вели Ковачевски.
Премиерот негира дека има разговори техничката влада 100 дена пред избори да не ја предводи кадар на ДУИ. Шефот на Владата појаснува дека со интегративците има јасен коалициски договор, но се разговара за модалитетите. Секако, целта е формирање европска коалиција која ќе ја сочинува широк фронт на обединети партии за следните избори. Ковачевски вели дека и со Алијанса за Албанците се разговара за учество во идната коалиција.
Од ВМРО-ДПМНЕ го повторија веќе одамна познатиот став. Парламентарни и втор круг претседателски избори заедно е единственото рационално решение за да не се дозволи државата да влезе во уште поголема криза.
Коалициските партнери на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, но и обединетата албанска опозиција се изјаснија дека се подготвени за заеднички изборни циклуси. Сите се водат од идејата дека ќе ја добијат довербата од граѓаните.
Миле Ристески