Прилеп

На железничкиот сообраќај му треба либерализација и нови оператори

20.11.2023 16:58

Македонски железници се во тешка ситуација. а транспортот му се потребни либерализација и нови оператори. Санацијата на мостот на Црна е за анализа и целосна реконструкција...

Дали ќе има санација или ќе има комплетно нов мост на Црна река, зависи од увидот на експертите. Ќе има анализа да се операционализира железничкиот сообраќај, смета министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, за состојбите во железничкиот сообраќај што се на работ на функционалноста. Во наредните два месеца ќе траат процентите.

На прагот е донесувањето на законот за либерализација во железничкиот сообраќај. Македонија е една од двете земји без либерализација.

Тоа не значи продажба, туку отворање на вратата за нови оператори кои ќе го развиваат овој битен транспортен систем.

Паралелно се работи на пругите спрема Бугарија и на реализација на протоколот за брза пруга спрема Србија.

 

Елизабета Митреска