Инцидент на собраниската седница за новиот Деловник
Инцидент на собраниската седница за новиот Деловник. Левица жестоко реагираше, бидејќи нивните амандмани не биле архивирани. Пратеникот Крмов почна да ги фрла амандманите кон потпретседателот Мисоски, по што ги искрши компјутерот и микрофонот. На крајот, Деловникот што ќе се применува од следниот состав беше донесен, ама, инцидентот ја онеспособи салата...
Жестоките расправии и инцидентите не го одложија носењето на новиот Деловник за работа на Собранието. Но, атмосферата беше жестока откако пратениците од Левица, Крмов и Апасиев револтирани што не добија поддршка за нивните амандмани над 2.000 амандмани, за кои рекоа дека не биле ниту архивирани, почнаа да фрлаат со документите кон потпретседателот на Парламентот Мисовски, па ги откорнаа собранискиот монитор и микрофоните, барајќи точката да биде тргната од дневниот ред.
Ниту 30-минутната пауза не ги смири тензиите. Пратеникот Апасиев одржа една минута молк за како што рече погреб на демократијата во Парламентот, а потоа го соблече чевелот и почна да мава по документите, илустрирајќи како става печат на амандманите.
По уште една пауза, тензиите се смирија. Со 83 гласа и два против Парламентот го изгласа новиот Деловник за работа по кој ќе работи наредниот парламентарен состав. Беа прифатени 12 амандмани на „Левица“. Поради штетите седниците на Собранието ќе се одвиваат во салата купола.
СДСМ со осуда за инцидентите, бара одговорност. За ВМРО-ДПМНЕ, инцидентите се договорена драма меѓу Левица со ДУИ и СДСМ.
Викторија Милевска