Завршија изборите
Државната изборна комисија на денешната јавна седница донесе заклучок за завршување на парламентарните избори...
Со верификација на мандатите на пратениците, Државната изборна комисија ги прогласи парламентарните избори за завршени. Претседателот Даштевски ги соопшти конечните резултати од прегласувањето во шестата изборна единица, откако Управниот суд ја одби тужбата на коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ како неоснована за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино. На седницата не присуствуваше заменичката на ДИК, Дитмире Шеху.
Аднан Азизи од коалицијата Вреди ќе седне на пратеничкото место на Биљал Касами, кој беше носител во шестата изборна единица, но сепак одлучи да остане да раководи со Општината Тетово.
Со завршувањето на парламентарните избори во новиот состав на законодавниот дом, најмногу пратеници освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 58, коалицијата предводена од СДСМ има 18 пратенички мандати колку што освои и коалицијата предводена од ДУИ. 14 освои коалицијата Вреди, по шест добија Левица и ЗНАМ.
Викторија Милевска