Ценовни притисоци
Експертите сметаат дека мерките треба да почнат со креирање енергетска стратегија. Да се зајакнат капацитетите на обновливи извори на енергија за да има поголема самоодржливост...

Скапа домашна кошничка, високи сметки за струја, а високи цени на горива. Овие ценовни притисоци сериозно влијаат врз домашниот буџет. Експертите сметаат дека мерките треба да почнат со креирање енергетска стратегија. Да се зајакнат капацитетите на обновливи извори на енергија за да има поголема самоодржливост. Ова се само дел од заклучоците на Економскиот форум кој се одржа во Скопје.
Јагленот да се замени со обновливи извори и да се зголеми домашното производство на електрична енергија, порачаа експертите. Според анализите, 3,2 насто од БДП биле искористени за субвенции за струја за домаќинствата и фирмите, а тоа не е долгорочно решение.
Земјите од Западен Балкан трошат повеќе енергија за да произведат еднаков обем на БДП од земјите на ЕУ.
Покрај тоа што земјите од Западен Балкан се зависни од увоз на струја и фосилни горива, дополнителен проблем креирала и енергетската неефикасност во потрошувачката – велат економистите.
Александра Велинова