Взаемно признавање на возачки дозволи меѓу Македонија и Србија
18.07.2014 10:08
Според министрите за внатрешни работи, оваа спогодба ќе им овозможи на граѓаните минување на границата без посебни процедури...
Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Гордана Јанкуловска и Небојша Стефановиќ во Белград потпишаа спогодба меѓу двете влади за взаемно признавање на возачки дозволи на граѓаните од двете земји.
За да стапи во сила спогодбата треба да ја ратификуваат и двата Парламента. Според министрите, оваа спогодба ќе им овозможи на граѓаните минување на границата без посебни процедури.
Министерката Јанкулоска нагласила дека овој документ има конкретно значење за двете земји затоа што бројни српски граѓани транзитираат преку Македонија на пат кон туристичките дестинации.
Свето Николовски