Стејт департмент: Македонија генерално ги почитува верските права и слободи

29.07.2014 11:42

Извешајот се осврнува на почитувањето на верските слободи во светот и беше претставен од страна на државниот секретар Џон Кери...

Уставот и законите на Република Македонија гарантираат слобода на вероисповеста и Владата генерално ги почитува верските права и слободи, пишува во извештајот на американскиот Стејт департмент објавен вчера.
 
Извешајот се осврнува на почитувањето на верските слободи во светот и беше претставен од страна на државниот секретар Џон Кери.
 
Во извештајот е наведено дека дел од помалите верски заедници имаат забелешки упатени кон Македонската православна црква и Исламската верска заедница. За МПЦ, забелешката е дека е привилегирана во поглед на враќањето на имотот одземен во времето на комунизмот и добивањето средства за изградба на верски објекти.
 
За ИВЗ, забелешката е дека добила државна помош за да ги одобрува апликациите за визите потребни за одење на аџилак во Саудиска Арабија, за кои наплаќала по 400 евра.