Интервју со заменик- министерот за економија, Марјан Ристески
06.02.2025 20:33
Со став дека поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно и преку енормни цени на производи заработуваат врз грбот на граѓаните, власта го поддржа бојкотот на маркетите. Потрошувачите најавија нов бојкот на пазарењето утре. Податоците на УЈП покажаа дека минатиот петок имало намален промет за над 40 проценти. Во саботата загубите не беа надоместени во целост. Гостин во Дневникот на Македонската телевизија е заменик-министерот за економија Марјан Ристески. Со него разговара Стојан Трпчевски.