Турбулентна година

03.01.2015 15:13

Промената на евроспкиот естаблишмент предводена од триото Јункер, Туск и Шулц најави промена и на курсот на европската политика...

Економски, политички и безбедносни турболенции во Европската Унија ја одбележаа изминатавата година. Промената на евроспкиот естаблишмент предводена од триото Јункер, Туск и Шулц најави промена и на курсот на европската политика.

„Со почнување на новиот мандат на Комисијата имаме исклучителна можност, но и обврска да обезбедиме свеж почеток и да се зафатиме за работа најпрво за геополитичката ситуација, да го засилиме економското закрепнување и да изградиме обединета Европа која ќе ни обезбеди нови работни места и економски раст на своите граѓани. Мислам дека го имам вистинскиот тим за тоа“, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Клучен момент од кој многу се очекува во делот на економското закрепнување – проблем кој веќе неколку години ја тресе Европската унија, е инвестицискиот план тежок 315 милијарди евра.

„Да се постигне ова, лидерите сакаат овие средства да бидат на место до јуни следната година. Исто така Европската инвестициона банка доби зелено светло да го почне својот дел од подготовките“, рече Доналд Туск, претседател на Европскиот Совет.

Втор момент кој ја одбележа оваа година е Украинската криза која предизвика тектонски промени во односите на Европската унија кон Русија.

„ЕУ силно го поддржува одржувањето на слободни и фер украинските претседателски избори на 25 мај. Тоа е вистинаска можност на луѓето во Украина да им се дозволи сами да ја изберат својата иднина. И на крај поради ситуацијата во Крим и десатбилизацијата во другите региони одлучивме да ги прошириме санкциите“, рече Кетрин Ештон, поранешен висок претставник на ЕУ за безбедност и надворешна политика.

Сепак Европската унија е многу внимателна во проширувањето на санкциите кон Русија. 28 земји членки на Унијата во голема мера зависат од енергетските ресурси од Русија и стравуваат дека строгите трговски санкции кои би ги наметнале може да предизвика руска одмазда и длабоко да ги поткопа нивните економии, кои сеуште се опоравуваат од финансиската криза.

Последен момент кој го издвојуваме за оваа година е референдумот за независност на Шкотска, кој иако заврши со неуспех, подоцна предизвика лавина на национализам во неколку земји членки на Унијата, но и наметна отвороен страв за исходот од најавениот референдум на Велика Британија во 2017-та година-смета извршниот директор на Европскиот политички центар во Брисел, Фабиен Зулег.

„Ако има рефендум, ќе биде тешко да се победи, гледано од перспектива на Европската унија, мислам да се остане во неа. Ако резултатот е НЕ, мислам дека тоа ќе дојде од југот, но Шкотска, Велс, Северна Ирска секако ќе гласаат за ДА. А тоа ќе значи прашањето за нивната независност повторно да се врати на маса“, смета Заулег.

Овие проблеми ќе останат врврни предизвици и во 2015-та. Останува да видиме како новото европско раководство ќе се соочува во иднина, дотолку повеќе што како Дамоклов меч е и мисијата на НАТО алијансата во борба против Исламската држава.

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ