Раст, инвестиции, вработувања
Дваесет и пет компании треба да објават инвестиции или да почнат со изградба на фабриките во зноните...

Раст на економијата од 4 проценти, намалување на невработеноста, нови инвестиции, добра бизнис клима, најавуваат надлежните за годинава. Ќе има зголемување на социјалната помош, како и зголемување на пензиите.
„Приоритет број еден останува невработеноста, а за да се случи тоа потребни се инвестиции. Тоа значи дека привлекувањето на странски инвестиции и опстојување на добриот амбиент за домашните инвеститори, ќе претставува приоритет за Владата и во 2015 година“, смета вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Дваесет и пет компании треба да објават инвестиции или да почнат со изградба на фабриките во зноните.
„Не само во Скопје каде што неодамна имавме потпишување на договор со „Капкон“ за нови 400 работни места и некои други инвестици, но и во внатрешноста на Македонија. Во Охрид на пример, имаме две германски фирми кои што за Охрид и за Струга ќе обезбедат вработувања на над 3000 лица. Во Прилеп инвестицијата на „Гентерм“, американска компанија со околу 2000вработувања. Имаме иневстиции во Штип, имаме во Кочани и на сите други места и во Тетово, значи во сите населени места во Македонија гледаме барем по еден инвеститор да обезбедиме“, додава Ставрески.
Според вицепремиерот Ставрески, рангирањето на државата во извештаите на „Дуинг бизнис“ и „Светска банка“ се најдобра потврда за инвеститорите дека може да сметаат на добар бизнис клима во Македонија и оваа година.
Наташа Јанчиќ