Цени за сечиј џеб
Се купува сѐ за празничната трпеза. Скапо или евтино? Граѓаните различно гледаат на цените. Има велат, за сечиј џеб...
Пазарите се преполни. Спроти Бадник и Божиќ врие како во кошница. Се купува сѐ за празничната трпеза. Скапо или евтино? Граѓаните различно гледаат на цените. Има велат, за сечиј џеб.
„Цените како секогаш, малку се покачени... Тиквата вчера 20, денеска 30...“, велат граѓаните.
Трговците со свои објаснувања. Некои како по навика ги креваат цените на најбараните производите. Други, пак, ги намалуваат за да продадат што повеќе.
„Мора да се пушти цената за Божиќ... 100 денари не е скапо за костен“, велат дел од трговците.
А за да се одбере најдоброто за коледарите и за тивката ноќ се употребуваат различни трикови.
За бериќет во домот на Божиќ и месото треба да го има.
„Барам свински и говедски нозе за пача... Се бара месо доста“, велат во месарниците.
За разлика од Западот кај нас сеуште некако не преовладува навика да се дарува, ама се купува.
„Мора да се подготвиме“, велат дел од граѓаните.
Како и да е преовладува желбата да се празнува. А, нашата пресметка вели дека празничното пазарување граѓаните ќе ги чини од 1.000 до 2.000 денари.
Фиљана Кока