Развој на семејните компании
Трговијата ги следи ваквите трендови, па се почесто гледаме како маалските дуќанчиња прераснуваат во големи маркети...

Колку поголем број на успешни домашни компании, толку подобра национална економија. Растот на малите семејни фирми во големи е потврда за макотрпна работа на многумина кој почнаа скромно за денеска да се препознатлив бренд.
Од обичен малски дуќан по 25 години работа, компанијата „Жито“ успеа да стигне до бројка од 50 маркети низ државата. Во трговијата нема импровизација, велат од „Жито“, за развој покрај капиталот неопходна била и довербата на потрошувачите.
„Ниските цени и љубезноста на персоналот се основните параметри кои е неопходно да ги поседувате доколку сакате успех и успешност во работењето, меѓутоа сами по себе тие партаметри не се доволни- неопходно е да вклучите дополнителни акции, промоции, бенефиции кои ќе одат во прилог на купувачите“, изјави Стојанче Тодоровски, маркетинг менаџер.
Последните неколку години во плановите за економски развој се вклучува и втората генерација не семејството Ѓошеви.
„Овие успешни претприемачки приказни кои што започнаа непосрдно пред новите ветришта кои задуваа во Македонија и тогаш се основаа, сега го прават преносот во наредната генерација. Многу е важно и за локалниот економски развој успешно да се направи тој пренос од првата кон втората генерација на семејни бизниси“, смета д-р Игор Андреев, експерт за локален економски развој.
Цената на производите и добрата услуга, ова се двата клучни фактори кај потрошувачите при одлуката од каде ќе купуваат.
„Најниските цени... кај ќе најдам поевтино, таму купувам.“
„Најпристапни цени, убави производи, свежи.“
„Важно е љубезно да бидете пречекани, добрата услуга“, велат анкетираните велешани.
Компанијата оставува верна на потрошувачите, плановите за во иднина покрај развојот на трговијата се и сериозен влез во производство на храна.
Дијана Иванова