Доаѓаат туристите

Малезијци ќе го преплават Скопје годинава

16.01.2014 17:26

Туристи од Малезија ќе го преплават Скопје оваа година.„ Инкаминг туризмот“ е во пораст, а хотелиерите се надеваат на уште подобра сезона. Охрид иако се смета за колевка на македонската култура ја губи битката со престолнината. Странските туристи со се поголем ентузијазам го истражуваат Скопје.

Државниот завод за статистика за минатата година објави раст од 6% на бројот на туристи. Посетителите од Турција и натаму се најзаинтересирани за запознавање со македонските културно-историски споменици

Владата креираше стратегија за привлекување гости, но тешка работа имаат и домашните туристички агенции. Со субвенции од државата, на ангро се печатат рекламните флаери кои се претставуваат пред странските туроператори. Еднодневните посети на Скопје се заменуваат со неделни арамжмани за промоција на винскиот и селскиот туризам.

-Веќе четврта година работиме со туристите од Холандија. Имаме директни чартер летови од Холандија и оваа година почнуваме од месец мај и тие чартери ќе бидат до втората половина на октомври вели Сузана Зелениковска – туристички агент.

Каталозите на кои е прикажано пивкото македонско вино, вкусната храна, декорот на старите куќи и автентичноста на со децении негуваниот македонски етно стил ја вметнаа Македонија како една од десетте земји кои треба да се истражат по препорака на интернет порталот “Велданстаф” кој нашата земја ја сместува во друштво на егзотичните дестинации како  Мадагаскар, Јапонија, Филипините, Турција, Руанда и Бразил. Но, странските гости, сакаат и добра услуга, па на тоа поле, велат експертите, треба уште да работиме.

-Странските агенции низ дурбин ја гледаат секоја ситница и тука во инфраструктурниот дел мора поголем професионализам да се наметне. Не може, ако пишува дека во 10 отвора црквата, да речеме конкретно, во 10 треба и да биде отворена. Не може да вели на состанок го викнале, ваму бил, таму бил, мора да биде отворена, затоа што странецот тоа не го интересира. Тоа што му е понудено и продадено, мора да се реализира-смета Бранко Босилков – туристички Водач

Додека го подобруваме она што не се купува со пари, Владата инвестира 155 милиони денари за промоција на земјата на 15-тина светски саеми меѓу кои Лондон, Мадрид, Истанбул, Берлин. Од април стартуваат и евтините летови за Париз, Брисел и Франкфурт. Со оваа стратегија се планира до 2020-та учеството на туризмот во бруто домашниот производ да биде пет насто.

Новинар: Анита Димитријевска

Снимател: Здравко Петрушевски

Монтажа: Лилјана Кузмановска