Продолжува проектот Финансиска помош на фирмите за отворање нови работни места

22.01.2014 12:48

Во изминативе седум години проектот за финансиска помош на фирмите...

Во изминативе седум години проектот  за финансиска помош на фирмите  за отворање нови работни места дава успешни резултати и преку него се вработени 4.668 луѓе.

Годинава 587 луѓе ќе бидат вработени со помош на мерката за субвенционирање за вработување  граѓани кои се регистриани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Македонија.  Од овие 587 лица, 80 ќе бидат лица кои се жртви на семејно насилство, деца без родители, самохрани родители, жртви на трговија со луѓе.

Работодавачот кој ќе ја искористи оваа мерка за нови вработувања, за секој вработен ќе добива по 17.000 денари, 3.000 денари ќе останат за него, а 14.000 ќе бидат исплатени како плата на работникот.

Прв предуслов да се аплицира за оваа мерка е фирмата да нема отпуштено работник во изминативе шест месеци.