Транспарентност во јавните набавки: Четири министерства најслабо рангирани
Според Центарот за граѓански комуникации, принципите за оценка на потребата од јавни набавки и контрола или следење на спроведување на договорите се најслабо спроведени од државните институции.
Министерствата за внатрешни работи, за здравство, за земјоделство и за образование се најниско рангирани институции според критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки.
Според Центарот за граѓански комуникации, принципите за оценка на потребата од јавни набавки и контрола или следење на спроведување на договорите се најслабо спроведени од државните институции.
Ниту една институција не остварува од 80 до 100 проценти исполнетост на критериумите, ниту пак има некоја која има од 0 до 20 проценти. Сите се во средно ниво од 20 до 80 проценти. Најмногу институции има во ограниченото ниво, односно од 40 до 60 проценти исполнетост на критериумите за транспареност на јавните набавки, изјави Герман Филков од Центарот на денешната презентација на анализата.
Според истражувањето, ниту една институција не го запазила критериумот за направена проценка за потребата за набавка и контролата и следење на спроведувањето на договорите.
Со анализата се опфатени министерствата, Службата за општи и заеднички работи, секретаријатите за законодавство, за спроведување на Рамковниот договор, за европски прашања и Собранието на РМ.