Апелација ги одби жалбите на дел од осомничените за собраниските настани
Екс- министерот Митко Чавков, оперскиот пејач Игор Дурловски и актерот Владо Јовановски остануваат во притвор. По одржаните седници повисокиот суд ги одби и жалбите на останатите осуммина осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Апелацискиот суд ги одби како неосновани жалбите на дел од осомничените за собраниските настани. Екс- министерот Митко Чавков, оперскиот пејач Игор Дурловски и актерот Владо Јовановски остануваат во притвор. По одржаните седници повисокиот суд ги одби и жалбите на останатите осуммина осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
„Апелациониот суд Скопје, по одржаните јавни и нејавни седници на ден 10.01.2018 година и 11.01.2018 година, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје донесени во рамки на предметите во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година и тоа за обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Раудлов, Богдан Илиевски и Илија Славевски“, стои во соопштението на Апелација.
Кривичниот совет денеска на јавна седница ја разгледуваше жалбата за продолжување на притворот на пратеникот Сашо Василевски, исто така сосомничен за собраниските настани од 27-ми април.