ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ДИРЕКТОР НА МРТ И ЗАМЕНИК НА ДИРЕКТОРОТ НА МРТ
Врз основа на член 130 став 6 и 7 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (Сл. Весник на РМ 184/13; 13/14; 44/14; 101/14; 132/14; 13/16; 142/16; 132/17) и член 61 од Статутот на ЈРП Македонска радио телевизија, Програмскиот совет на МРТ распишува
ЈАВЕН КОНКУРС
за избор на Директор на МРТ и
Заменик на директорот на МРТ
Се распишува Конкурс за избор на Директор на МРТ и Заменик на директорот на МРТ, според условите и постапката утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски усуги и Статутот на ЈРП МРТ.
I. Директорот и Заменикот на директорот се избираат за период од 3 (три) години со можност за повторен последователен избор.
II. Кандидатите што ќе се пријават треба да ги исполнуваат следниве услови:
- да се државјани на Република Македонија;
- да имаат високо образование;
- да поднесат Програма за работа на МРТ за период од три години;
- да имаат над пет години работно искуство во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото
IV. Кандидатите на јавниот конкурс со пријавата треба да достават:
- Уверение за државјанство:
- Програма за работа на МРТ за период од три години;
- Диплома за завршено високо образование;
- Кратка биографија;
- Потврда за пет години работно искуство во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката,културата,економијата или правото
V. Кандидатите на јавниот конкурс кон пријавата и соодветните докази за исполнување на бараните услови во еден плик, доставуваат и Програма за работа за период од три години во друг плик, потпишан со шифра чие дешифрирање е во првиот плик.
Пријавата и програмата за работа се доставуваат во пликови А3 формат со назнака: "За конкурс за избор на Директор на МРТ , односно “ За конкурс за избор на Заменик на директорот на МРТ “.
Непотполните и ненавремени пријави нема да се разгледуваат.
VI Конкурсот да се објави во дневниот печат (во еден дневен весник на македонски јазик и еден на јазиците на кој зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој е различен од македонскиот), на програмите на МРТ и ВЕБ страницата на МРТ.
VII. Конкурсот трае 15 дена сметано од денот на објавувањето во дневниот печат.
Пријавата со потребните документи се доставуват во рок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот, во затворен плик со назнака:
"За учество на конкурсот за избор на “Директор на МРТ “ односно " За учество на конкурс за избор на Заменик на директорот на МРТ"
на следнава адреса:
Македонска радио телевизија
Булевар " Гоце Делчев" бр.18 Скопје
За дополнителни информации, заинтересираните
кандидати можат да се јават на
Тел. 070 885-555
ПРОГРАМСКИ СОВЕТ НА
ЈРП МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА