Каролина Гочева и „Македонско девојче 2“, во петок ексклузивно на МРТ1
19.03.2014 13:53
Не пропуштајте: импресивно музичко доживување и концерт за паметење...
Македонската Телевизија со гордост го најавува концертот на македонската поп ѕвезда Каролина Гочева и нејзините пријатели, којшто ќе се емитува на програмата на МРТ 1 во петок на 21 март, со почеток во 21:45.
Покрај ексклузивната телевизиска промоција на сите нумери од албумот „Македонско девојче 2“ на репертоарот се и нумери од албумот „Македонско девојче 1“ како и неколку безвременски, антологиски песни од пребогатата македонска фолклорна ризница.
Автор на музиката и аранжманите на нумерите застапени на албумот „Македонско девојче 2“ е Николче Мицевски, автори на текстовите се Валентин Соклевски и Весна Малинова.