Кочани

„Пејпер Мил“ сè уште нема решение за оџакот кој го загадува Кочани

28.06.2022 16:19

Државниот инспекторат за животна средина утврди непостапување по нивното решение од страна на „Пејпер Мил“ во Кочани. Еко активистите се решени да ги употребат сите легитимни средства за конечно решавање на еколошките проблеми кои ги предизвикува фабриката...

Рокот за отстранување на причините кои резултираат со испуст на високи вредности на јаглерод моноксид од фабричкиот оџак на „Пејпер Мил“ е поминат, но решение нема.

Државниот инспекторат за животна средина вчера изврши надзор, констатирано е дека проблемот не е решен. Котелот на пелети се користел до пред неколку дена, а од вчера „Пејпер Мил“ го стопираше производството. Еко активистите во надеж дека управата ќе најде решение за проблемот.

Граѓанската иницијатива за здрав живот во Кочани поднесе и кривична пријава против „Пејпер Мил“, а се собираат и потписи за пласирање на овој проблем пред меѓународните институции.

 

Славица Величковска