Тензична атмосфера

28.06.2022 16:45

Тропање на масата во знак на протест за вчерашниот инцидент во Комисијата за европски прашања. ВМРО-ДПМНЕ побара симнување на имунитетот на Адеми...

Повторно тензично во Комисијата за европски прашања. Удирање на маса и викотници.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ приговори на водењето на седницата и неможноста да се обратат процедурално. Арта Биљали и покрај негодувањата ја отвори седницата, а потоа во метежот ја затвори дури и амандманската расправа.

Власта и опозицијата секој со свои гледања на настаните. Недозволиво е процедурално да не може да се говориме – истакна професорката Сиљановска од ВМРО – ДПМНЕ. За Костовски од СДСМ опозицијата е таа што предизвикува непотребен хаос.

Пратеникот Антонио Милошоски поднесе пријава против државниот советник во култура Валмир Азири кој повика на насилство. Азири го повлече постот, но подлежи на законска одговорност. Учесникот во инцидентот Адеми жали што граѓаните биле сведоци, но не кажа и дали чувствува одговорност што фрлаше филџани, шишиња и го удри неколкупати пратеникот Милошоски.

На Комисијата за европски прашања се разгледува закон за работни односи со што на судии и обвинители им се дозволува да работат три години повеќе наместо да одат во пензија. Законот е со европско знаменце по скратена постапка.

Миле Ристески