Забрзана интеграција

04.10.2022 16:32

Скринингот треба да потврди до каде е земјава со приближувањето кон Европската унија...

Како земја што почна преговори со ЕУ, во некои области ќе има можност за забрзана интеграција, како што беше случајот со ковид сертификатите, а сега и со енергијата.

На претстојниот состанок на европската политичка заедница со земјите членки и од западниот Балкан во Прага, земјава ќе добие гаранции дека нема да биде оставена сама да се справува со енергетската криза, оти се разгледуваат повеќе начини како да се помогне, велат од делегацијата на Европската комисија во Скопје. Потпишување на договорот со Европската агенција за заштита на границите Фронтекс, ќе биде на македонски јазик без никакви спротивставувања од Бугарија, велат од ЕУ.

За неколку недели со потпишувањето на овој договор, земјава ќе влезе во поблиска соработка за обезбедување на границите, а и македонскиот јазик и официјално ќе стане дел од еден документ потпишан со Унијата. Условот за уставни промени останува за отворање на поглавја по завршување на скринингот во ноември догодина.

Од Европската комисија оценуваат дека партиите што се за евроинтеграција мора да се однесуваат така и при уставните промени. Загрижени сè што една парламентарна партија е проруска. За бугарските клубови со неприфатливи имиња во земјава, ЕУ не може да реагира, но од делегацијата на Европската комисија во Скопје, сметаат дека историјата мора да се остави во минатото и да се гледа кон иднината.

Ирина Гелевска