МВР

Акциска сообраќајна контрола, 76 санкционирани возачи

04.10.2022 17:08

Денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава...

Денеска во периодот од 06.00 до 10.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава. При контролата, санкционирани се 76 возачи, од кои еден за вршење јавен превоз без лиценца по член 284 – а од Кривичниот законик.

Исклучени од сообраќај се 12 возила кои вршеле јавен превоз на патници, од кои пет на територија на СВР Охрид, пет на територија на СВР Велес, и по едно возило на територија на СВР Куманово и СВР Штип, соопштуваат од МВР.