Иницијатива за амнестија
Дел од пратениците тактизираат, првин да ја видат иницијативата за новиот Закон за амнестија...

Дел од пратениците тактизираат, првин да ја видат иницијативата за новиот Закон за амнестија за осудените од собраниските настани на 27 април, а потоа ќе го кажат и ставот. Во понеделник во Собранието најавени се средби на адвокатскиот тим со пратеничките групи. СДСМ не дава поддршка, од партијата велат, не смее да има амнестија за насилствата.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски, рече дека Врховниот суд треба час поскоро да донесе одлука, со што предметот би се вратил на првостепено решавање оти според него, обвинетите не биле терористи.
Павле Трајанов смета дека за иницијативата треба да се отвори расправа во парламентот, поборник е на неселективната правда за сите вмешани во собраниските случувања.
Адвокатот Митровски кој е дел од тимот кој ја подготви иницијативата, очекува поддршка за правдата да излезе на виделина. Со предлог-законот се предвидува целосна амнестија за осудените на затворски казни до 10 години и преполовување на казните на луѓето кои се осудени на затвор во траење над десет години.
Викторија Милевска