Алијанса го формира тимот за преговори
Алијанса за Албанците на седница донесе одлука кој да ги води преговорите со Владата околу евентуалниот влез на Алијансата во централната власт...

Тесното партиско раководство на Алијанса за Албанците, ќе биде тимот кој ќе преговара за евентуален влез на партијата во Владата, соопшти вечерва Арбен Таравари по одржувањето на состанокот на централното претседателство. Алијансата за Албанците ќе влезе во Влада ако и се исполнат програмските барања на партијата.
За уставните измени како што посочи Таравари, неговите пратеници ќе гласаат, но бројката од 80 парламентарци зависи од ВМРО - ДПМНЕ, a не од Алијансата.
Попладнево, претседателството на Алијансата за Албанците во седиштето во Тетово, ја започна најавената средба по одлуката минатиот викенд на Централното собрание за формирање на преговарачкиот тим за учеството на партијата во Владата.
Зоран Димовски