Реформи, па проширување

19.09.2023 14:32

Француско- германската група на независни експерти денес им достави на министрите за европски прашања повеќе насоки што треба да се истражат за проширување на ЕУ...

Да, ЕУ не е подготвена за проширување сега ниту на институционално, ниту на политичко ниво, инсистираат авторите на документот, 12 независни експерти од Франција и Германија, предводени од Даниела Шварцер и Оливие Коста. Нивните размислувања, државните секретари за европски прашања на Германија и Франција, Ана Лирман и Лоренс Бун денес им ги претставија на своите европски колеги.

„Заедно со мојата француска колешка побаравме од дванаесет експерти да размислат за начинот на кој ЕУ е подготвена за проширувањето, како владеењето на правото може да се зајакне. Овој Извештај доаѓа точно во вистинско време, јасно е дека проширувањето на ЕУ е во интерес на сите и сега мораме да почнеме да правиме сè што можеме за да се осигураме дека ние како ЕУ сме подготвени за ова проширување и оваа неопходна внатрешна реформите мора да се спроведат во следниот законодавен период на Европскиот парламент“, изјави Ана Лирман, министер за Европа на Германија.

Според експертите, Унијата тешко функционира со 27 земји-членки во периоди на криза и кога треба да се донесат големи стратешки одлуки.

„Проширувањето на правото на вето на девет нови земји-членки со текот на времето може да ја парализира ЕУ“, се загрижени француските и германските експерти, кои затоа предлагаат премин кон квалификувано мнозинство во сите области каде едногласноста е сè уште правило.

Извештајот истражува повеќе патишта, со акцент на зачувување на владеењето на правото.

„Фундаменталните вредности на ЕУ и заштитата на демократијата и владеењето на правото ризикуваат понатамошна ерозија доколку им се дозволи брзо да се приклучат на државите со слаби институции“, се вели во текстот.

Осумте земји-кандидати денеска, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија, се бара да спроведат реформи за да се усогласат со европските вредности.

Експертите предлагаат уште подлабоки реформи. Затоа тие се за принципот на „диференцијација“, кој може да доведе до Европа со четири брзини, со тврдо јадро на членки подготвени за „длабока“ интеграција, ЕУ каква што ја знаеме денес, поширок круг што ги зближува земјите, придржување кон единствениот пазар, но без политичко членство и уште поширок круг, што одговара на Европската политичка заедница-идеја многу усогласена со предлозите на Емануел Макрон.

Останатите реформи би биле повеќе прашање на чиста политичко-институционална механика, како што е намалувањето на бројот на комесари на околу 20.

Засега овој документ е самопридонес во дебатата. Франција и Германија уверуваат дека „групата од 12“ работела без притисок. „Ова не се француско-германски идеи што ги поминуваме низ независна група“, вели француски извор-„што не значи дека не е интересно“.

Предлозите што ќе ги даваат Франција и Германија мора да ја анимираат огромната институционална дебата што започна со поглед на веројатните идни проширувања на ЕУ.

Тони Гламчевски, дописник од Франција за МРТ