Штрајк во јавниот сектор
19.09.2023 14:41
Вработените во обвинителствата и судовите од 27-ми септември излегуваат на штрајк. Бараат да им се зголемат платите за 78 проценти, исто како и на функционерите...

Жешка синдикална есен најавуваат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Вработените во обвинителствата и судовите од 27-ми септември излегуваат на штрајк. Бараат да им се зголемат платите за 78 проценти, исто како и на функционерите. Не се задоволни од понуденото покачување за 10 проценти.
Ана Јосифовска-Тодоровска известува од ССМ. Разговара со претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.