Иницијатива до Уставен суд

19.09.2023 15:08

До Уставниот суд поднесена иницијатива за оценка на измените на Кривичниот законик. Расте бројот на повикани кои ги отфрлаат тврдењата дека се договарани...

Лидерот на Демократскиот сојуз и пратеник, Павле Трајанов, поднесе иницијативата до Уставниот суд со која бара преиспитување на измените во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување и се интервенира кај јавните набавки на штета на државата. Тој очекува Судот да донесе времена мерка за одложување на примената на измените во Кривичниот законик до донесување конечна одлука.

Откако измените го поминаа собранискиот филтер, лидерот на ДУИ предизвика внимание со низа тврдења дека истите се договарале и во времето на Заев и Груевски. Тој негираше дека тајмингот за овие измени е со цел враќање на Груевски во земјата.

Дел од опозиционерите од албанскиот блок излегоа со тврдења дека измените се со цел да се врати Груевски од Будимпешта. Претседателот Пендаровски обелодени дека годинава, во два наврати од структури блиски до опозицијата и поранешни политичари му биле упатени предлози да размисли за помилување на одредени политичари, но тој тоа го одбил. Груевски потоа го повика јавно да објави кој му барал амнестија. И тој, како и Заев и Османи негираа дека имало тајни средби за кривичниот законик.

 

Миле Ристески