Македонија

Тренчевска: Кризите зад нас, потребите и ранливоста на граѓаните ни покажаа колку е важен системот на социјална заштита

19.09.2023 20:02

Конференцијата која е од меѓународен карактер ги обедини научната фела и практичарите од областа на социјалната работа од регионот и од светот на едно место.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на конференцијата насловена „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“, во организација на Институтот за социјална работа и социјална, Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Министерството за труд и социјална политика како поддржувач и коорганизатор.

Конференцијата која е од меѓународен карактер ги обедини научната фела и практичарите од областа на социјалната работа од регионот и од светот на едно место.

Министерката ја поздрави идејата и нејзината реализација денес и наредните два дена заедно со учесниците на конференцијата да се зборува за еден толку значаен сегмент во секое општество – социјалната политика.

Институтот за социјална работа и социјална политика кој претставува посебна работна единица на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 65 годишни од неговото основање. По тој повод министерката им посака успешната работа и уште многу високостручни и научни кадри за работа во домените на социјалната, детската и здравствената заштита како и во доменот на образованието.

Преку долгогодишниот период на наставна дејност, Институтот за социјална работа, земајќи ги предвид динамичните реформски промени на полето на социјалната политика и социјалната заштита на национално ниво, како и светските тенденции во образованието на социјалните работници, постојано работи на осовременување на концептот на студиските програми по социјална работа и социјална политика.

Оттука и тесната поврзаност и соработка на Министерството за труд и социјална политика и Институтот за социјална работа. Многу заеднички проекти од социјалната сфера кои директно се насочени кон ранливите категории и обезбедувањето на можности за достоинствен живот за сите.

Таа потенцираше дека, промените во социјалната работа течат според промените во општеството, стои во соопштението од Министерството.