Тодоров: Во Македонија нема фалсификувани лекови
Лековите што изминатиот период ги заплани Царината се криумчарени, но не се фалсификат. Во Македонија нема фласификувани лекови, тврди ресорниот министер Никола Тодоров.

Лековите што изминатиот период ги заплани Царината се криумчарени, но не се фалсификат. Во Македонија нема фласификувани лекови, тврди ресорниот министер Никола Тодоров.
Се прави контрола на влез на прв увоз на сите регистрирани лекови во државата. Преку Бирото на лекови направивме контрола на лекови од полица во речиси сите аптеки во државата. По случаен избор беа земени примероци од 200 лека кои се испитуваа во најсовремените лаборатории - на Фармацевтскиот факултет и на Институтот за јавно здравје, истакнува Тодоров.
Со оваа политика ќе продолжиме и во наредниот период. Ќе продолжиме и со политиката на силна соработка со сите земји во регионот, а особено е значајна соработката и улогата што ја имаат и Царината и полицијата во Република Македонија и нивните колеги и институции од регионот со кои активно работат на борбата против шверц на лекови, фалсификувани лекови и нивно влегување по нелегални патишта во државата, посочи Тодоров.
Земјата доби пофалба и од претставнците на регионална конференција на Совет на Европа. Перевентивните мерки се основа во борбата против фалсификувањето на лековите како глобална закана.
