13 судии со писмо до Панчевски

15.11.2016 16:13

Според судиите, претседателот Владимир Панчевски го злоупотребил судот затоа што јавно, на официјалната веб страница објавил дека поднесува кривична пријава против колегата Иван Џолев.

Тринаесет судии од скопска единица испратија писмо до Судскиот совет обвинувајќи дека претседателот Владимир Панчевски го злоупотребил судот затоа што јавно, на официјалната веб страница објавил дека поднесува кривична пријава против колегата Иван Џолев.

„Судијата Владимир Панчевски како Претседател на судот информира за свои лични постапувања и ставови за одреден судија, при тоа крајно непочитувајќи го неговиот интегритет како судија. За ова тој го користи официјалниот веб сајт на судот. Се оградуваме од наведеното, имајќи ја предвид судската етика и морал, а воедно и почитувањето на тајноста и заштитата на интегритетот за било каква поведена постапка према судија“ – се вели во писмото потпишано од судиите.

Претседателот на Судскиот совет за МТВ потврди дека го добиле писмото, но рече дека ќе го третираат како анонимно, затоа што судиите се потпишале само со потпис, но не и со полно име и презиме.