СЈО ги истражува дивоградбите во Чаир

06.06.2017 10:35

Станува збор за предистражна постапка за дивоградбите на територијата на локалната самоуправа инаку дел од разговорите во прислушуваните материјали.

Специјалното јавно обвинителство од вчера е во општина Чаир. Станува збор за предистражна постапка за дивоградбите на територијата на локалната самоуправа инаку дел од разговорите во прислушуваните материјали.

Меѓу снимките се слушаат гласовите на високи функционери од владејачка партија за повеќе објекти меѓу кои и на амбасадата на САД, известуваат повеќе медиуми.