Заев оптимист за членство во НАТО
Дали тоа ќе биде под референцата „поранешна југословенска република“ или пак ќе има некој друг договор што нема да навлегува во идентитетот на земјата, останува да се види во наредниот период.

Во наредните месеци во Mакедонија пристигнува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг што треба да ја отвори вратата за земјава за полноправно членство во алијансата. Дали тоа ќе биде под референцата „поранешна југословенска република“ или пак ќе има некој друг договор што нема да навлегува во идентитетот на земјата, останува да се види во наредниот период.
Како што веќе најави премиерот Заев, на ова прашање ќе се работи заедно со опозицијата. Ова се однесува и на отворањето на поглавјата со ЕУ. В понеделник Заев патува за Брисел на средба со еврокомесарот Хан.
„Два се начините- или решение на проблемот, или под привремената референца да влеземе во НАТО, а да продолжиме преговори со Грција, за проблемот Грција што го има со нашето уставно име, за нашето интегрирање во Европската унија. Реално тие знаат дека подеднакво иста аспирација за нас е Европската унија“, нагласи Заев во интервјуто за МРТ.
