Остани чист! Не биди муле!!! Одлуката е твоја!

17.02.2014 12:45

Целта е подигање на свеста кај средношколците за борба против нарко трговијата и да се дејствува превентивно и едукативно врз младата популација...

Стартуваше кампањата „Остани чист!Не биди муле!!!Одлуката е твоја!“. Целта е подигање на свеста кај средношколците за борба против нарко трговијата и да се дејствува превентивно и едукативно врз младата популација.
 
Младите се запознаа со опремата со која располага Царинската управа, неопходна за откривање на дрогата која криминалците се обидуваат да ја внесат или да ја изнесат од државава, и со начинот на работата на цариниците.
 
Во 2013-та Царинската управа заплени 14 килограми хероин и 934 килограми марихуана, а од 2009-та до 2013-та над 12 илјади парчиња екстази и други медикаменти.
 
Едукацијата на младите ќе ја вршат стручни лица од Царинската управа преку презентации низ неколку државни средни училишта во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Штип.
 
 
Наташа Гркова-Петрушевска