Дарко Костадиновски и Осман Кадриу избрани за уставни судии

11.01.2018 13:32

Собранието конечно ги избра двајцата нови членови на Уставниот суд. Претходно Законодавниот дом иако најави дека ќе почне да работи напладне, поради немање кворум го пролонгира почетокот на работата.

Собранието на Република Македонија денеска ги избра Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за нови уставни судии.

Костадиновски и Кадриу доаѓаат на местото на судијките Наташа Габер Дамјановска и Гзиме Старова, на кои мандатот им заврши во октомври годинава. Тие беа избрани за судии на Уставен на предлог на претседателот Бранко Црвенковски во 2008 година.