Синдикати

КСС денеска на протест пред Владата

17.01.2018 10:36

Очекуваат исполнување на барањата- повисока плата, усогласување со минималецот, К-15 во јавниот сектор, работа без притисоци и мобинг, дотации, поголеми бенефиции, почитување на колективните договори.

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска во 5 мунути до 12 на протест пред Владата. Средбата со властите не ги премисли.

Очекуваат исполнување на барањата- повисока плата, усогласување со минималецот, К-15 во јавниот сектор, работа без притисоци и мобинг, дотации, поголеми бенефиции, почитување на колективните договори.

„И понатаму продолжуваме со исто темпо во насока на заштита и унапредување на работничките права, особено во јавниот сектор, каде што сме репрезентативни“, изјави вчера Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Од Владата вчера соопштија- двете страни се заинтересирани за развивање на социјалниот дијалог и изнаоѓање заеднички решенија.