Стагнација

Економијата без раст во 2017-та година

08.03.2018 15:48

Во последното тримесечје од минатата година е испорачана позитива од 1,2 процента, откако во претходните девет месеци бројките се движеа околу нулата или имаа негативен предзнак.

Нула економски раст во 2017-та година, објави Државниот завод за статистика. Стагнирал бруто-домашниот производ.

Во последното тримесечје од минатата година е испорачана позитива од 1,2 процента, откако во претходните девет месеци бројките се движеа околу нулата или имаа негативен предзнак.

Ова значи дека не се остварија владините прогнози, кои прво беа раст на БДП од три проценти, за потоа да се намалат до 1,6 отсто, но и оваа проекција не е исполнета.