Дипломатија

Договорена рамката за компромис за името

28.05.2018 12:33

Во Брисел нова рунда преговори за името. Димитров и Коѕијас ја договориле рамката за компримис. Изминатите денови телефонски разговори Заев- Ципрас. Неделава и нова премиерска средба. Могерини со поддршка на процесот за изнаоѓање решение за името...

Во Брисел нова рунда преговори за името меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Била договорена рамката за компримис во дводеценискиот спор.

Средбата беше продуктивна, а откако рамката е поставена се планира важен разговор на премиерско ниво, меѓу Заев и Ципрас кон средината на неделава, при што ќе се пресечат некои важни работи од опциите што се во игра- коментира македонскиот министер за надворешни, Димитров.

Тоа што го договориле двајцата министри, правни тимови на двете држави ќе го го доработуваат во Атина. Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, по работниот појадок со македонскиот министер Никола Димитров во Брисел со изјава- го поддржуваме процесот за изнаоѓање решение за името.

„Само што пристигнав од неформален, работен појадок со министерот за надворешни работи на поранешната југословенска Република Македонија и со министрите за надворешни работи на земјите- членки. Многу сум охрабрена направениот напредок во преговорите меѓу Скопје и Атина за прашањето за името. Сите ќе работиме за да поддржиме позитивен исход од овие важни преговорипозитивен исход од овие важни преговори“, изјави шефицата на европската дипломатија, Могерини.

Најмалку еднаш, а можеби и два пати, телефонски разговарале премиерите на Македонија и на Грција, Заев и Ципрас во периодот откако ги известија политичките сили во двете земји пред една седмица, објавуваат грчки медиуми.

Темата на разговор, била имплементацијата на ерга омнес, односно име од пакетот предлози на медијаторот Нимиц. Од македонската Влада кусо коментираат дека кабинетите на двајцата премиери имаат отворена и постојана комуникација во секое време.

Напредокот во преговорите со Грција, е една од темите на Советoт на министрите за надворешни работи во Брисел.

 

Миле Ристески