Ковид-19

Се препорачува трета доза вакцина за граѓаните над 60 години

23.09.2021 12:35

Комитетот за имунизација препорача трета доза на вакцина кај сите граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници и кај пациентите со имунокомпромитирана состојба без разлика на возраста, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Вакцината треба да биде од производителот „Фајзер“...

Комитетот за имунизација препорача трета доза на вакцина кај сите граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници и кај пациентите со имунокомпромитирана состојба без разлика на возраста, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Вакцината треба да биде од производителот „Фајзер“.

Во земјава има доволно вакцини против Ковид-19. Дополнително, се очекуваат 250 илјади вакцини од производителот „Џонсон“, кои се донација од Данска.

Надмината е бројката од 700 илјади граѓани кои се ревакцинирани. Иако интересот е намален, дневно околу 2.000 граѓани се јавуваат за прва доза вакцина. Се зголемува бројот на слободни кревети на интерните клиники и на инфективната клиника.