Статистички преглед на домашното кошаркарско првенство

Кнежевиќ МВП на Првата Лига, Мандиќ најдобар стрелец

28.03.2014 14:51

Душан Кнежевиќ од Работнички е статистички најкорисниот кошаркар во Првата лига. Српскиот центар на најтрофејниот македонски клуб ги одигра сите 16 натпревари во првиот дел на сезоната, остварувајќи вкупно 383 МВП индекс поени, во просек 23,9 по натпревар. Во десетото коло постави рекорд на нашата Прва лига со 52 МВП индекс поени, што е најдобар поединечен ефект во последните три сезони. Кнежевиќ беше блиску и во 17.коло со 48 МВП индекс поени.

Душан Кнежевиќ од Работнички е статистички најкорисниот кошаркар во Првата лига. Српскиот центар на најтрофејниот македонски клуб ги одигра сите 16 натпревари во првиот дел на сезоната, остварувајќи вкупно 383 МВП индекс поени, во просек 23,9 по натпревар. Во десетото коло постави рекорд на нашата Прва лига со 52 МВП индекс поени, што е најдобар поединечен ефект во последните три сезони. Кнежевиќ беше блиску и во 17.коло со 48 МВП индекс поени. Меѓу најкорисните пет кошаркари се наоѓаат и Александар Мареља од Струмица со 23,5 просечен МВП индекс, Игор Бјелиќ од Фени Индустри со 21,6 просечен МВП индекс, Бојан Трајковски од Лирија со 20,3 просечен МВП индекс и Никола Вукасовиќ од Пелистер Спорт со 19,7 просечен МВП индекс.

Вукашин Мандиќ од Куманово е најдобар стрелец во лигата со просек од 19,6 поени на шеснаесетте одиграни средби. Александар Мареља од Струмица и Жарко Ѓуриќ од Вардар Апаве постигнуваа по 18,6 поени по натпревар, додека зад нив се Бојан Трајковски од Лирија со 17,7 и Игор Бјелиќ од Фени Индустри со 17,3 поени по натпревар.

Центарот на Лирија, Бојан Трајковски е прв скокач во лигата со 9,5 скокови по натпревар. Трајковски одигра 14 меча. Кирил Павловски од Карпош Соколи имаше просек од 8,4 скокови, Душан Кнежевиќ од Работнички - 8,1 скок, Игор Бјелиќ од Фени Индустри - 7,6 скокови и Иван Мишковиќ од Куманово – 7,4 скокови по натпревар. Трајковски е најдобар дефанзивен, а Мишковиќ најдобар офанзивен скокач.

Во продолжение и целосниот преглед на најуспешните поединци во лигата во сите статистички категории, пред почетокот на суперлигашката фаза од домашното кошаркарско првенство. 

Линк од табелата 1, 2