Кошаркарите на Бостон Селтикс поведоа со 1:0 во полуфиналната серија на НБА плејофот. Селтикс ноќеска на домашен терен славеа победа по продолжение со 133:128.
Најпродуктивниот играч на средбата беше Џејсон Тејтум, кој забележа дабл-дабл со 36 поени и 12 скока.


