Лејкерси се освојувачи на првиот НБА куп, откако во финалето славеа против Индијана со 123:109 во Лас Вегас.
Кошарка
Блог вести
-
Кошарка 10.12.2023 09:27
-
Кошарка 05.12.2023 10:42
Јокиќ и Тејтум играчи на месецот во НБА
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ и бекот на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум, се прогласени за најдобри кошаркари во октомври/ноември во нивните конференции.
-
Кошарка 28.11.2023 18:48
Леброн Џејмс го претрпе најголемиот пораз во кариерата
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс го доживеа највисокиот пораз во кариерата. Клубот од Лос Анџелес ноќеска на гостувањето кај Филаделфија загуби со 138:94 во натпреварот од регуларниот дел од сезоната во НБА.
-
Кошарка 27.11.2023 18:33
Јокиќ го повтори личниот сезонски рекорд по постигнати поени
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ беше блиску до трипл-дабл синоќа на мечот со Сан Антонио (120:132). Србинот средбата ја заврши со 39 поени, 11 скока и девет асистенции со пет загубени топки.
-
Кошарка 22.11.2023 12:57
Леброн Џејмс стана првиот играч во историјата на НБА кој достигна 39.000 поени
Ѕвездата на Лејкерс, Леброн Џејмс стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој достигнал 39.000 поени во кариерата. Џејмс ги постигна своите јубилејни поени во првата четвртина од натпреварот против Јута одигран денес.
-
Кошарка 14.11.2023 14:50
Денвер го продолжи договорот со Малоун
Актуелниот НБА првак Денвер го продолжи договорот со тренерот Мајкл Малоун (52), објави синоќа ЕСПН. Малоун ќе стане еден од најплатените тренери во лигата, не прецизирајќи за колку долго е продолжена соработката.
-
Кошарка 08.11.2023 10:00
Голден Стејт домаќин на Ол-стар викендот во 2025
За домаќин на Ол – стар викендот во 2025 година е избран НБА лигашот Голден Стејт вориорс. 74--то издание на натпреварот меѓу најдобрите кошаркари во светот ќе се одигра во „Чејс Центар“ во Сан Франциско.
-
Кошарка 07.11.2023 09:42
Шампионот Нагетс го совлада Њу Орлеанс
Шампионот Денвер Нагетс убедливо со 134:116 го совлада Њу Орлеанс а Никола Јокиќ одново покажа зошто е најдобар играч во лигата. Српскиот центар го забележа 108-от трипл-дабл во НБА кариерата и сега е на високото четврто место пред легендите Леброн Џејмс и Џејсон Кид.
-
Кошарка 03.11.2023 10:34
Машката кошаркарска репрезентација со победа над Косово
Машката кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи „Под 14“ години продолжи со добрите настапи на ФИБА YDF турнирот во Скопје. По успех на стартот против Бугарија, нашите кадети во СРЦ „Кале“ беа подобри од своите врсници од Косово со резултат 72:57.
-
Кошарка 01.11.2023 19:45
Дурант стана 12-ти играч во историјата на НБА со 27 илјади поени
Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант надмина 27 илјади поени во кариерата.
Триесет и петгодишниот Американец постигна 26 поени ноќеска во поразот од Сан Антонио (114:115) во регуларниот дел од сезоната во НБА.






