Голден Стејт на доминантен начин стигнаа до петтата титула во НБА, совладувајќи го со 129:120 Кливленд во петтиот натпревар од финалето.
Шампионот во плеј-оф оствари 16 победи и само еден пораз.
За најкорисен играч е прогласен Кевин Дурант.
Голден Стејт на доминантен начин стигнаа до петтата титула во НБА, совладувајќи го со 129:120 Кливленд во петтиот натпревар од финалето.
Шампионот во плеј-оф оствари 16 победи и само еден пораз.
За најкорисен играч е прогласен Кевин Дурант.
Кошаркарите на Голден Стејт го победија Кливленд со 132:113 (40:34; 27:30; 35:24 и 30:25) во вториот натпревар од финалната серија во НБА лигата и поведоа со 2-0. За Голден Стејт ова беше 14. победа по ред во плеј-офот што е нов рекорд во НБА лигата.
Во НБА лигата ноќеска немаше натпревари, но затоа беа објавени најдобрите петорки за регуларниот дел на сезонава.
Актуелниот НБА шампион Кливленд прв се пласира во конференциското финале, додека екипите на Вашингтон и Хјустон го израмнија резултатот на 2:2 во дуелите со своите противници во полуфиналната рунда.
Расел Вестбрук стигна до шестиот „трипл-дабл“ во плеј-оф натпреварите постигнувајќи 51 поен 10 скока и 13 асистенции ноќеска на средбата со Хјустон, но и тоа не и помогна на Оклахома да го избегне вториот пораз во серијата со Хјустон.
Првопласираните екипи во двете конференции во НБА лигата Кливленд и Голден Стејт на ноќеска одиграните дуели остварија победи.
Јорданчо Давитков ќе ја има обврската да ја врати кошаркарската репрезентација на Македонија во европската елита. 54-годишниот Давитков по вторпат ќе биде селектор откако во периодот од 2001-ва до 2007-ма ја однесе нашата репрезентација од Б во А дивизијата.
Во „Ол стар“ меч со најмногу поени во историјата, тимот на Западот ноќеска го совлада составот на Истокот со резултат 192:182. Постигнатите 374 поени се за пет повеќе од минатогодишниот рекорд кој изнесуваше 369 поени.
Шампионот на НБА лигата Кливленд постигна победа ноќеска на гостински терен против Минесота. Во текот на дуелот двете екипи имаа водство, но сепак во последниот период Кливленд прими само 15 поени што беше еден од факторите за победата.